Home » Владата ќе набавува 120 екоавтобуси

Владата ќе набавува 120 екоавтобуси

by Журнал.мк

Владата на денешната седница донесе одлука за набавка на 120 екоавтобуси.Најголем дел од нив, како што информираат оттаму, се ургентно потребни за обнова на возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Во главниот град ќе бидат на располагање 80 од автобусите, а преостанатите 40 ќе бидат распределени во внатрешноста на државата согласно реалните потреби.

„Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз. Набавката на екоавтобусите ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина“, се наведува во соопштението испратено од владината прес-служба.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk