Home » Владата ќе ги оценува медиумите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата ќе ги оценува медиумите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

by Журнал.мк

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните мрежи. Сите вести ќе се оценуваат дали се позитивни, негативни или неутрални, а ќе се прибираат и податоци за авторите.

Во техничката спецификација на тендерот, објавена на страната на Бирото за јавни набавки без предвидениот буџет, стои дека фирмата која ќе биде избрана треба да овозможи услуга за оценка на медиумското влијание или клипинг, селекција, изработка и дистрибуција на објави во печатените, електронските, интернет медиумите и на социјалните мрежи. Софтверот треба да овозможи податоци за медиумот кој ја објавил веста и име на авторот на веста.

„Веб пристапот до објавите 24 часа на ден треба да обезбедува можност за пребарување, обележување на клучни зборови во објавата, прикажување на оригиналниот извор со линк, можност за изработка на извештаи, можност за оценување на медиумските објави во однос на позитивна, негативна и неутрална конотација, онлајн квантитативна аналитика на објавите по одредени параметри“, стои во техничката документација на тендерот.

Владата бара информации во реално време, веднаш по нивното објавување, а најмногу два часа по објавата, модул за вештачка интелигенција како и мобилна апликација за сите видови паметни телефони.

Исто така, бара да има дневен извештај за тековниот ден најдоцна до 9 часот наутро следниот ден каде ќе бидат собрани сите податоци, кои теми се обработувани, од кои медиуми, кога е објавено, линк до објавата, наслов, автор, кратка содржина, транскрипција на видео прилози итн. Ќе се мониторираат медиумите и објавите на социјалните мрежи и на македонски и на албански јазик.

Во истиот тендер, Владата бара и услуга за конверзија на говор во текст на македонски јазик и истата да може да се користи без пристап на интернет, односно off-line. (Мета)

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk