Home » Владата ја зголеми двојно субвенцијата за хектар јачмен од 6.000 на 12.000 денари

Владата ја зголеми двојно субвенцијата за хектар јачмен од 6.000 на 12.000 денари

by Журнал.мк

Во текот на вчерашната владина седница донесовме одлука за зголемување на субвенцијата и доделување на дополнителни 3 денари по килограм за производителите на пченица имајќи предвид регионалната конкуренција. Ние сакаме да ги задржиме бидејќи ова ни е стратешка култура и мораме да се грижиме за луѓето коишто се занимаваат со производство на пченица истовремено ќе додадам тука се и производителите на јачмен“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на новинарското прашање во врска со проблемот на производителите на пченица со откупот.

„Ако досега субвенцијата за хектар беше околу 6.000 денари, на вчерашната седница донесевме одлука да ја зголемиме двојно, односно да биде 12.000 денари, имајќи ја предвид ниската цена на откуп на јачменот од 9 денари по килограм, така што продолжуваме да ги поддржуваме сите оние коишто допринесуваат во насока на подобрување на условите за живот во Македонија. Тоа е она што е наш интерес и политика на оваа Влада“ додаде Мицкоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More