Home » Влада: МНР да ja осигурa безбедноста на нашите членови во мисијата на ОБСЕ во Украина

Влада: МНР да ja осигурa безбедноста на нашите членови во мисијата на ОБСЕ во Украина

by Журнал.мк

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и го задолжи Министерството за надворешни работи во координација со надлежните институции да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на редовниот брифинг со новинарите, вчера информираше дека 30 наши набљудувачи се ангажирани во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, кои се со посебна позиција поради тоа што Северна Македонија, заедно со Шведска и Полска е дел од тројката претседавачи со Организацијата.

Османи денеска телефонски разговарал со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид за актуелната ситуација во и околу Украина и важноста од почитување на меѓународното право и неповредливоста на границите.

Во објавата на фејсбук Османи шефот на дипломатијата наведува дека Северна Македoнија, како дел од триото претседавачи на ОБСЕ, е „подготвена да придонесе за деескалација на ситуацијата и за дипломатски напори за мирно изнаоѓање на решение“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More