18 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Vivo X60 Pro+ ќе има Snapdragon 888 чип и сензор за отпечатоци под дисплејот

Најчитани вести

Компанијата Vivo потврди дека телефонот X60 Pro+ ќе пристигне на 21. јануари и дека ќе го покренува Snapdragon 888 чипсетот.

Постерот објавен од компанијата, потврдува и дека телефонот ќе има задна страна од кожа и ќе биде достапен во две бои. Фотографијата ни дава увид и во системот на камери, кој користи ZEISS оптика. Ќе постојат четири камери, а главниот сензор ќе биде 50MP ISOCELL GN1.

Vivo сè уште ги нема објавено целосните детали за телефонот X60 Pro+, но на веб-страницата на компанијата се наведени две опции за меморија и простор за складирање: 8GB/128GB и 12GB/256 GB. Листата потврдува и дека телефонот ќе има сензор за отпечатоци под punch-hole екранот.

Веќе знаеме дека Vivo X60 Pro+ ќе понуди подобрени перформанси на камерите во услови на слаба осветленост, како и поквалитетен звук. Исто така, смартфонот доби сертификат за 55Q поддршка за полнење.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести