Поради новите нивоа на отпорност на прашина и вода, Vivo XFold 5 ќе може да се отвори и затвори 1.000 пати под вода на длабочина од еден метар.
Vivo подготвува нов преклопен мобилен телефон, X Fold5, кој ќе биде претставен на 10 јули. Освен што ќе биде најтенкиот мобилен телефон од ваков тип во светот, неодамна беше објавено дека ќе донесе досега невидени нивоа на отпорност на прашина и вода кај преклопните уреди.
Vivo X Fold5 ќе има IP5X отпорност на прашина, што е подобро од Samsung-овата IP4X, како и три нивоа на водоотпорност – IPX8, IPX9 и IPX9+. Благодарение на тоа, во телефонот ќе може да влезе прашина, но тој наводно ќе може да се отвора и затвора под вода на длабочина од еден метар дури 1.000 пати. Иако тоа веројатно нема често да се користи во пракса, сепак не е за потценување.
Од останатите спецификации, неофицијалните информации наведуваат дека X Fold5 ќе има Snapdragon 8 Gen 3 процесор со до 16 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија, како и три сензори од по 50 мегапиксели, вклучувајќи и еден телефото со 3x оптички зум. Интересно е што ќе има и две селфи камери од 32 MP – по една за секој екран.
Кога веќе зборуваме за екранот, внатрешниот ќе има дијагонала од 8,03 инчи, 2K резолуција и стапка на освежување од 120 Hz, додека надворешниот LTPO OLED екран ќе мери 6,53 инчи. Батеријата ќе има капацитет од солидни 6.000 mAh, а ќе поддржува и 90-ватно жично и 30-ватно безжично полнење.