17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Vivo патентираше телефон со флексибилен екран, што се отвора кон надвор

Најчитани вести

Производителите на смартфони експериментираат со различни решенија кога станува збор за телефоните со флексибилни екрани. Најновиот пример пристигнува во форма на патент на компанијата Vivo, за дизајн кој прикажува шарка што овозможува отворање на уредот кон надвор и дисплеј што се протега на задниот панел.

Уредот се појави на CNIPA (кинеска национална управа за интелектуална сопственост) листингот, со скици кои го прикажуваат уредот од сите страни. Дизајнот открива дека Vivo планира да постави пет камери на задната страна, во X формација. Тука е и LED блицот, а една од камерите ќе биде перископ сензор.

Патентирањето на ваков необичен флексибилен уред не значи дека Vivo и комерцијално ќе го објави. Сепак, ова секако дава увид во тоа дека компанијата има планови за растечкиот пазар на флексибилни телефони и дека експериментира со сопствени решенија во оваа област.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести