13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Витаминот Д не е единствениот: Друг додаток во исхраната што може да го зајакне имунитетот и да помогне во борбата против Ковид-19

Најчитани вести

Се покажа дека состојката што се наоѓа во одредена храна е ефикасна во зајакнувањето на имунитетот

Додека не создадеме колективен имунитет на корона вирусот, постои голем број на храна што можеме да ги вклучиме во нашата исхрана што ќе го зајакнат организмот и ќе го намалат ризикот од инфекција. Научниците докажаа дека бета-глуканите можат да бидат од посебна корист за нашето тело во борбата против коронавирусот.

Што се бета-глукани?

Овие се структурни компоненти кои се наоѓаат во многу видови храна како што се овес, јачмен, квасец, печурки и алги. Во неодамнешната сеопфатна анализа на состојките на храната што може да помогне во борбата против инфекцијата, истражувачите испитаа прелиминарни докази за поддршка на потенцијалната употреба на бета-глукани во борбата против инфекцијата со коронавирусот.

Студијата е направена на бета-глукани кои се наоѓаат во печурките шитаке. Истражувањето е направено на Технолошкиот институт Атлоне во Ирска под водство на д-р Ема Марфи.

– Постојат две главни структури на бета-глукани; еден вид се наоѓа во житарките и се покажа дека има корисен ефект врз намалување на холестеролот и има способност да го модулира цревниот микробиом. Вториот вид се наоѓа во печурките и квасецот, а познат е по својата имуномодулаторна активност – вели д-р Марфи.

Според неа, бета-глуканите можат да го подготват нашиот имунолошки систем да биде подготвен да ги нападне бактериите или вирусите. Тие исто така можат да го релаксираат имунолошкиот одговор за време на воспаление, што е особено важно, бидејќи зголеменото воспаление може да биде поголем проблем од инфекција, објасни лекарот.

Истражувањата покажаа дека бета-глуканите ја намалуваат инфламаторната реакција поврзана со синдромот на акутен респираторен дистрес, еден вид оштетување на белите дробови кај пневмонија и тешки случаи на ковид-19.

Иако сè уште не е познато точно како работат бета-глуканите за да се намали воспалението, д-р Марфи објаснува дека нивниот ефект врз зајакнување на имунитетот е очигледен, без оглед дали ги земаме преку храна или како додаток.

Кој не смее да ги конзумира?

Таа инсистира на тоа дека секој што сака да користи бета-глукани во форма на додатоци, прво треба да разговара за тоа со својот лекар.

– Особено е важно да се консултирате со лекар ако веќе имате автоимуно заболување, како што се лупус, ревматоиден артритис, мултиплекс склероза или псоријаза и ако веќе земате имуносупресиви. Бремените жени, доилките и малите деца не треба да земаат бета-глукани. За сите други, бета-глуканите можат да се користат за зајакнување на имунитетниот систем и одбрана од вирусот – истакнува д-р Марфи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести