Овој сируп од сушено овошје, лимонов сок и мед помага за јакнење на имунитетот, што е особено важно сега кога е сезона на вируси и настинки.
Се консумира по една лажичка дневно. Сувото-грозје е одличен извор на енергија, сувите сливи се богат извор на антиоксиданти, сувите кајсии се извор на растителни влакна и минерали, бадемите се богати со масни киселини, а оревите се богати со хранливи материи.
Исто така во овој сируп се додава и цветен мед кој е ефикасен во борбата против инфекциите.
Состојки:
– 50 грама суво-грозје;
– 50 грама суви сливи или урми;
– 50 грама суви кајсии;
– 30 грама бадеми;
– 50 грама ореви;
– 70 грама цветен мед;
– 2 лажици лимонов сок;
– 1 кора од лимон.
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер освен лимоновиот сок и кората од лимон. Нив додадете ги на крај и добро измешајте. Течноста ставете ја во тегла, а потоа може да го користите сирупот.