Home » Високи цени за недоволно квалитетни услуги

Високи цени за недоволно квалитетни услуги

by Журнал.мк

Експертите велат дека високите цени во туристичкиот сектор на охридското крајбрежје не кореспондираат со квалитетот на услугите. Тие можеби донекаде се прифатливи за странските туристи, но ги одвраќаат домашните. Посочуваат дека во повеќе туристички центри во регионот за слични услуги се нуди поголем квалитет при што цените се на исто ниво или пониски од оние во Охрид…

За квалитетни услуги нема високи цени. Оваа девиза одамна се користи во областа на туризмот, меѓутоа експертите посочуваат дека на охридското крајбрежје ретко кој ја почитува. Напротив има високи цени за недоволно квалитетни услуги, а 20-тина години наназад, особено во угостителскиот сектор тешко се наоѓаат објекти каде што се нуди барем минимален квалитет според светските стандарди.

„Стандардна е понудата во подолг временски интервал, скоро дека ништо не се менува, а цените одат нагоре. Ние мораме да сугерираме дека е неопходно балансирањето на цените да биде во согласност со понудата што ќе ја дадеме“, изјави проф. д-р Наум Мариноски, експерт од областа на туризмот.

Најголемиот број од угостителите не ги знаат ниту нормативите кои се однесуваат на храната и како треба да се дочека и услужи гостинот.

„Кога станува збор за послужување храна и пијалаци, во делот на храната точно е пропишано дека една провизорна бројка, односно една грамажа од 750 грама, започнувајќи со ладно предјадење, топло предјадење, главно јадење и десерт. Сето тоа е дел од оној пропишан норматив кој што треба да го добие еден клиент“, изјави проф. д-р Климент Наумов, Факултет за туризам и угостителство-Охрид.

Веќе нема простор за импровизации, особено сега кога странските туристи по корона кризата се вратија на охридското крајбрежје, бидејќи и тие како и домашните имаат забелешки на високите цени за што добиваат скромни услуги.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More