Home » Вирално видео: Меган Маркл ја оттргнала девојката која сакала да застане и позира до принцот Хари – „Неверојатна е нејзината несигурност“

Вирално видео: Меган Маркл ја оттргнала девојката која сакала да застане и позира до принцот Хари – „Неверојатна е нејзината несигурност“

by Lina Muslija

На социјалните мрежи осамна видео во кое се чини дека Меган Маркл не дозволила извесна девојка да позира покрај принцот Хари.

Војводата од Сасекс се натпреварувал со својот тим „Royal Salute Sentebale“ на американското првенство во поло во Велингтон, Флорида и го освоил трофејот кој му го предала сопругата.

Меган насмеана позирала со спортистите откако го бакнала Хари пред камерите, но проблемот настанал кога извесна девојка се обидела да застане до принцот за да се слика со него. Маркл воопшто не сакала да се помрдне и со раката ѝ посочила да застане на другата страна.

„Ѝ забрани на девојката да застане покрај Хари, „Не ѝ е гајле за Хари, само сакаше таа да биде во средината“, „Таа е толку ’кринџ‘“, „Од неа вреска несигурност“, „Таа мора да контролира сè“, „Зошто воопшто таа е во фокусот?“, пишувале твитерџиите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More