Ѕвездата на Реал Мадрид и репрезентацијата на Бразил, Винисиус Жуниор го навредувал судијата на почетокот на светските квалификации меѓу Венецуела и Бразил , кој заврши 1:1, тврди шпанскиот весник „Спорт“.
Крилниот напаѓач беше бесен поради тоа што судијата не дозволи предност и го запре нападот на Бразил, кој можеше опасно да се развие. Винисиус го нападна и судијата во уште еден момент.
Навредливите зборови на Винисиус ги потврди и коментаторот на натпреварот на бразилската телевизија, кој рече дека добро се разбира што кажал играчот.