Home » Vinfast имаше големи планови, но сега сè мириса на катастрофа

Vinfast имаше големи планови, но сега сè мириса на катастрофа

by Lina Muslija

Виетнамскиот производител на автомобили Vinfast е основан пред шест години со многу амбициозни планови…

Изградија голема фабрика со капацитет од 250.000 автомобили годишно и најавија дека до 2026 година ќе произведуваат дури 600.000 автомобили годишно. За рекордно време развија цела палета на нови автомобили, а особено се концентрираа на електричните модели со кои имаа намера да направат голем пробив на светскиот пазар.

Но, засега не се одвива според планот, пренесуваат информативните агенции. Минатата година компанијата успеа да продаде само околу 7.000 електрични автомобили, а таа бројка планираат да ја зголемат на дури 50.000, потпирајќи се најмногу на извозот.

Главен пазар би требало да им биде САД, но вестите што доаѓаат од американскиот пазар мирисаат на катастрофа. Нивниот најамбициозен автомобил, crossover моделот VF 8, продаде само 128 единици во првите пет месеци во САД. Тоа не е чудно поради низата проблеми што ги имаа со квалитетот и бројните критики од клиентите и медиумите.

Компанијата се надеваше на многу подобар почеток во САД, па кога започна со продажба во март, увезе 3.000 автомобили кои сега се наоѓаат во салоните за автомобили и магацини. На слабата продажба влијаеле и не толку одличните карактеристики на автомобилот и високата цена.

Според првите најави, Vinfast VF 8 City Edition требаше да чини 55.500 долари и да има автономија од само 288 километри, но откако тоа наиде на потсмев, компанијата ја намали цената на 46.900 долари и го зголеми досегот на 333 километри. Но, и со такви вредности, автомобилот е сè уште неконкурентен.

Vinfast може да се утеши со фактот дека тие продале повеќе електрични автомобили во САД од Mazda и Jaguar, но тоа не е изненадувачки со оглед на слабиот домет од 200 km во единствениот електричен модел на Mazda MX-30 и фактот дека Jaguar I- Pace е веќе доста стар.модел.Vinfast би можел да се најде во големи финансиски проблеми бидејќи досега не успеа да ги оправда инвестициите на својот сопственик од Сингапур.

Имаа намера да станат голем играч во светот на електро – мобилноста, отворајќи фабрики во САД и Австралија, но сега се чини дека се може да заврши со голема деловна катастрофа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk