Бразилецот Вилијан одново ќе настапува во главниот град на Велика Британија откако потпиша нов договор со поранешниот клуб Фулам. На „Крејвин Котиџ“ се враќа по полусезона помината во Олимпијакос и тоа како слободен играч бидејќи го раскина договорот со грчкиот тим на 30. декември.
Вилијан настапуваше за Фулам од 2022 до 2024 година одигрувајќи 58 натпревари во Премиерлигата на кои постигна десет голови. Претходно беше дел и од Челси и Арсенал.
„Пресреќен сум, како и мојата фамилија. Се радуваме на враќањето. Сметам дека може да постигнеме добри резултати до крајот на есзоната. Едвај чдекам да заиграм со екипата и да приредам добри потези на теренот“, изјави 36-годишникот.