Home » Викендов започнува летното сметање на времето, стрелките на часовникот се поместуваат еден час нанапред

Викендов започнува летното сметање на времето, стрелките на часовникот се поместуваат еден час нанапред

by Журнал.мк

Викендов ќе започне летното сметање на времето. Македонија и оваа година, како и сите европски земји, ќе премине од зимско во летно пресметување на времето.

Летното сметање на времето започнува во последната недела во март. Стрелките на часовникот во два часот наутро ќе се поместат за еден час нанапред, што значи дека ќе биде три часот.

Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.

Прашањето за поместување на часовникот секогаш предизвикувало поделби па вработените воглавно го поддржуваат бидејќи им овозможува да искористат малку сонце после работа додека земјоделците не се секогаш заговорници на таа пракса.

Летното сметање на времето е договореното правило за поместување на часовниците напролет, во последната недела од март. Овој систем во светот е стар повеќе од еден век. Предложен е 1905 од британскиот претприемач и градежник Вилијам Вилет, но бил прифатен во 1916 година со цел заштеда на јаглен.

Во Македонија летното сметање на времето е воведено во 1983 година, кога таква одлука била донесена на ниво на тогашната Сојузна федеративна република Југославија. Во независна Македонија подоцна во 1996 година, менувањето на летно и зимско сметање на времето е утврдено и со Закон за сметање на времето. Од тогаш, согласно законот и Владата на седница носи одлука кој ден точно треба да се поместат стрелките.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk