Home » Викендов два конгреси на АА, еден на Таравари, другиот на Села

Викендов два конгреси на АА, еден на Таравари, другиот на Села

by Журнал

Попладне претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари закажа вонреден конгрес на партијата. Минатата недела крилото на Зијадин Села исто така закажа партиски конгрес во Скопје.

Минатата недела на централното собрание на Алијансата за Албанците со кое претседава Зијадин Села беше донесена одлука за одржување конгрес на партијата на 18 февруари во Скопје на кој ќе се разреши претседаталот на партијата Арбен Таравари.

Расколот во партијата настана кога Таравари објави дека Алијанса за Албанците на претстојните парламентарни избори ќе настапи заедно со опозицискиот блок на Албанците во Македонија, Беса, Алтернатива и Демократско движење.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk