Home » [ВИДЕО] Жена снимила прекрасен момент помеѓу куче и нејзиниот син, видеото топи срца

[ВИДЕО] Жена снимила прекрасен момент помеѓу куче и нејзиниот син, видеото топи срца

by Lina Muslija

Стефани Сау, корисничка на “TikTok” која живее во Мелбурн со својот сопруг и петмесечниот син, сподели видео од нејзиниот син и семејното куче на крајот на ноември, кое брзо стана вирално на социјалната мрежа.

Сау минатиот месец му купила нова играчка на синот, но немала поим дека тој и златниот ретривер Џет ќе почнат да играат заедно. Во виралното видео, можеме да ги видиме Џет и малото дете како лежат заедно и гледаат во блескавиот пластичен рак. Видеото собра повеќе од 1,3 милиони прегледи и 133 илјади лајкови.

„Го објавив ова видео затоа што мислев дека е слатко како Џет легна покрај бебето“, рече Сау.

Сопственичката на златниот ретривер за “Newsweek” открила дека Џет има две години и успешно се адаптирал на новиот член во семејството, но повремено е љубоморен бидејќи не е постојано во центарот на вниманието.

 

Сепак, Џет го обожава својот нов пријател и е прв во редот кога треба да се утеши.

„Секогаш кога малиот плаче, Џет веднаш му ги носи играчките за да го расположи. Тој е толку слатко и учтиво куче“, гордо истакнала сопственичката.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk