Вчеравечер на Канал 5 телевизија беше прикажано најновото и неодамна одржано 27-мо издание на „Златна бубамара на популарноста“.
Како и секоја година, така и оваа се доделија голем број награди, се испеаја бројни песни, Сашко Коцев и Тино и Атанас ја забавуваа публиката, а Игор Џамбазов ја имаше најемотивната изведба.

Тој говореше за сите македонски граѓани кои во потрага по подобар живот ја напуштија Македонија и заминаа во некоја далечна земја.
„’Т’га за југ’ им ја посветувам на сите оние кои си заминаа од Македонија. Со нивна надеж дека никогаш нема да се вратат, со наша надеж дека ќе доаѓаат што почесто“, рече Џамбазов пред изведбата.
На сцената го придружуваа маестро Дамир Имери и кавалџијата Александар Јовевски.