Home » (ВИДЕО) Том Круз повторно сниман со 26 години помладата актерка: „Фатени“ заедно како шетаат во лондонски парк

(ВИДЕО) Том Круз повторно сниман со 26 години помладата актерка: „Фатени“ заедно како шетаат во лондонски парк

by Lina Muslija

Гласините за наводната врска помеѓу Том Круз и Ана де Армас привлекуваат сè поголемо внимание на јавноста. Шпекулациите станаа уште погласни откако беа фотографирани како лежерно шетаат низ Лондон, по повод 37-миот роденден на Ана.
Имено, корисничка на TikTok споделил видео од Круз и де Армас како поминуваат покрај неа.
„Во Лондон си и сакаш да го запознаеш Хари Стајлс, но изненадувачки, одеднаш се појавува Том Круз“, напишала таа покрај видеото.

 

Исто така, Круз беше еден од гостите на роденденската забава на Дејвид Бекам во Лондон, иако на забавата дојде сам, се шпекулира дека де Армас била со него. На снимката се гледа како Круз ја напушта забавата, додека де Армас наводно се обидела да избегне внимание криејќи се зад чадор што го држат нивните телохранители.
Да потсетиме, тие првпат биле фотографирани заедно околу Денот на вљубените во лондонскиот Сохо, каде што биле видени како се шетаат опуштено. Гласините повторно се појавија кон средината на март, кога ги снимиле на хелиодром во Лондон, со режисерот Даг Лиман.
Интересно е што Ана де Армас неодамна се поврзуваше со Мануел Анида Куеста, посинокот на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез, кој моментално е на чело на државата и на Комунистичката партија на Куба. Иако медиумите шпекулираа за нивниот приватен живот, ниту Круз ниту де Армас сè уште не ги коментирале гласините за нивната врска.

Фото: Принтскрин/TikTok

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

(ФОТО) „Трагам по единство“ – Бреговиќ: „Доаѓам од Сараево, град обележан со војна, никогаш не би можел да поддржам никаков вид агресија“

Босанскиот музичар Горан Бреговиќ се огласи откако беше прогласен за непожелен во Латвија. Министерот за внатрешни работи Рихардс Козловскис изјавил дека е на црната листа поради неговата поддршка за Русија. „Доаѓам од Сараево – град обележан со војна. Длабоко го носам тоа сеќавање и никогаш не би можел да поддржам никаква војна, никаква агресија. Музиката отсекогаш ми била начин да барам хармонија – меѓу гласовите, меѓу културите, меѓу срцата. Во секој ритам барам единство. Во секоја мелодија, малку мир. Отсекогаш се надевав дека ќе го споделам тоа“, напишал Бреговиќ на неговиот профил на Фејсбук.  За потсетување, министерот за внатрешни работи, Рихардс Козловскис, за време на гостувањето на латвиската телевизија изјави дека Бреговиќ и руско-литванската пејачка Кристина Орбакаите се ставени на црната листа според препораката на Службата за државна безбедност (ВДБ). „Клучната причина е поддршката на агресијата против Украина и учеството во јавни настани на окупираните територии. Латвија ја поддржува Украина и ние ќе продолжиме да го правиме тоа, па затоа тоа е дефинитивно неприфатливо за нас во овој случај“, рекол Козловскис. Според информациите достапни за ВДД, Бреговиќ имал неколку настапи во окупираниот Крим од 2014 година. Тие тврдат дека тој честопати јавно изразувал поддршка за Русија, ширејќи дискредитирачки пораки против западните земји. Фото: Архива

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk