Home » [ВИДЕО] Тесла како подморница: Се поплави до покривот и продолжи да вози

[ВИДЕО] Тесла како подморница: Се поплави до покривот и продолжи да вози

by Журнал

Дали е тоа подморница? Не, тоа е Тесла! Снимката која е направена во американскиот град Сан Диего е речиси неверојатна и повеќе личи на сцена од филм отколку на реалност.

Имено, водата поплавила еден од патиштата во овој град на самиот југ на Калифорнија и го направила речиси непрооден. Згора на тоа, на видеото снимено од некој од горниот кат на блиската зграда, може да се види еден неподвижен автомобил во длабока вода, очигледно без никаква шанса да тргне.

 

Тесла е како водоземец

Во следниот момент Тесла се втурнува во длабоката вода, додека случаен минувач се обидел да го запре смелиот возач во наизглед невозможната мисија.

Но, се случи невозможното: Тесла нурна во водата, која во еден момент помина преку покривот на автомобилот и – на изненадување на сите – стигна до помалку поплавен дел од патот и продолжи да вози без никакви проблеми.

Во бројните коментари што ги предизвика видеото, се шпекулира дека Тесла, без издувниот систем што го имаат моторите со внатрешно согорување, е имун на вода токму поради оваа причина. Сепак, ова едноставно не може да биде вистина.

Автомобил како Тесла има толку многу чувствителни електронски делови, вклучувајќи ја и батеријата, што е речиси невозможно да се нурне под вода без никакви последици. Освен доколку е целосно водоотпорен, што тешко може да биде случај.

Секоја чест за хидроизолацијата

Снимањето запира само неколку секунди откако автомобилот излезе од водата, а постои реална можност Тесла да застане само неколку моменти подоцна или десетина метри подалеку. Сепак, дури и да е така, мора да им честитаме на дизајнерите на Тесла за фактот што ги направија клучните елементи речиси херметички.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More