Home » (ВИДЕО) Тешки сцени – Шарлиз Терон се присетила на тешката несреќа на снимањето на филм: „Бев на чекор од трајна парализа“

(ВИДЕО) Тешки сцени – Шарлиз Терон се присетила на тешката несреќа на снимањето на филм: „Бев на чекор од трајна парализа“

by Lina Muslija

Шарлиз Терон сама ги изведувала повеќето опасни сцени во акционите филмови во кои глумела.
Имено, во шпионскиот трилер „Atomic Blonde“, Терон морала да научи речиси 30 последователни потези за борбени сцени на скалите и да ги изведе на начин на кој режисерот Дејвид Лајч немаше замерки.

 

Терон истакнала дека не била секогаш сигурна во своите каскадерски вештини, а во 2004 година, додека го снимала научно-фантастичниот филм „Æon Flux“, доживеала несреќа за време на сцената во која висила од жици и скокала на трамболина.
„Тоа беше сериозна несреќа. Бев неколку сантиметри од трајна парализа. Сето тоа ме разбуди и ме натера да сфатам дека е важно да бидам целосно подготвена”, рекла Терон.

 

Поради повредата се здобила со силни болки, грчеви и оштетување на нервите.
„Пред четири години имав операција за фузија на цервикалниот ‘рбет, што беше најдобрата одлука што некогаш сум ја донела. Моето тело сега функционира одлично и не сакам повторно да го загрозувам моето здравје”, тврди таа.
Сето тоа, објаснува таа, не ја спречило, туку решила да биде уште подобро подготвена за сите идни улоги. По нејзината несреќа, Терон продолжи да глуми во филмови во кои има акробации, вклучувајќи ги „Mad Max: Fury Road“ и „The Old Guard“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk