Home » ВИДЕО: Спасени тинејџерите кои останале заробени на островче на реката Треска

ВИДЕО: Спасени тинејџерите кои останале заробени на островче на реката Треска

by Журнал.мк

Три 16-годишни момчиња доцна синоќа се спасени откако останале заробени на едно островче на реката Треска. Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријавата е добиена во 19:12 часот и дека момчињата останале заробени на островчето, поради надојдената река заради испуст на водата од хидроцентралите, што е редовен процес за континуирано производство на електрична енергија, со што навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката.

Од ЦУК веднаш биле контактирани дежурните во полициската станица Сарај, од кои е побарано да се упатат на локацијата каде што се наоѓаат момчињата и ако се во можност согласно процедурите соодветно да интервенираат. Паралелно, бил воспоставен контакт и со Црвениот Крст, од каде што информирале дека нивните тимови се волонтери и не се во можност соодветно да реагираат во овој случај.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More