Бејби Лазања, кој ја претстауваше Хрватска на Евровизија моментално е во Полска, каде одржа концерти во Варшава и Вроцлав, а еден концерт беше исклучително емотивен за него.
Имено, на видеото кое се шири на социјалните мрежи може да се види како некој од публиката му фрла плишана играчка, а присутните скандираа „Марко, Марко“, по што тој ја откри тажната вест дека починала неговата позната мачка Стипе.
„Ова ме расплака, Стипе умре. Не, сериозно, Стипе, нашата сакана мачка неодамна умре. Кога го видов ова, само ме расплака”, рекол Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања, држејќи ја плишаната играчка.
Инаку, од самото раѓање, едноокиот Стипе беше најпопуларната мачка во Хрватска, но и во Европа. Покрај тоа што се продаваат производи со нејзиниот лик, мачката стана и главен лик во сликовница, за која интерес е изразен од целиот свет.