Home » [ВИДЕО] Ријана: „Се обидувам да се прикрадам на изборите. Ќе гласам со пасошот на син ми“

[ВИДЕО] Ријана: „Се обидувам да се прикрадам на изборите. Ќе гласам со пасошот на син ми“

by Lina Muslija

Ријана се пошегува дека „кришум ќе влезе на избирачкото место“ и ќе гласа со пасошот на нејзиниот син, повикувајќи ги Американците да гласаат на претседателските избори. Пејачката добитничка на Греми, која е родена на Барбадос и не го смени своето државјанството, со американскиот рапер Асап Роки ги има двегодишниот син Рзу и 15-месечниот син Рајот Роуз.

„Се обидувам да се прикрадам“

Ријана објави видео на Инстаграм на кое гледа низ прозорецот на автомобилот со натпис: „Се обидувам да се прикрадам на изборите со пасошот на син ми“, заедно со хаштагот „#votecauseicant“.

View this post on Instagram

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

 

 

Исто така и поп – ѕвездата Тејлор Свифт, која претходно ја нарече актуелната потпретседателка „стабилен и надарен лидер“, ги повика американските граѓани да гласаат на изборите. Пишувајќи за нејзините настапи во рамки на турнејата „Eras“ во САД, 34-годишната пејачка додаде: „И еве еден пријателски, но исклучително важен потсетник дека утре се изборите во САД и вашата последна шанса да гласате“.

Ролинг Стоунс го критикуваа Доналд Трамп

Во меѓувреме, фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, во неговата објава на Инстаграм напиша дека неговите деца ќе гласаат за Харис. При што објави и фотографиите на кои може да се види тој со шесте од неговите осум деца.

View this post on Instagram

A post shared by Mick Jagger (@mickjagger)

 

 

На едната фотографија Џегер е со своите четири ќерки – Карис, Џејд, Елизабет и Џорџија Меј, а на втората со двата сина Џејмс и Лукас. Ролинг Стоунс претходно го критикуваа републиканскиот кандидат Доналд Трамп поради користењето на нивните песни „You Can’t Always Get What You Want“ и „Start Me Up“ во текот на неговите митинзи.

Камала Харис ја поддржаа Еминем, Брус Спрингстин и Џенифер Лопез

Во меѓувреме, Харис ја искористи моќта на познатите личности додека се фокусираше врз државите кои се пресудни за изборна победа, а на нејзините митинзи се појавија Еминем, Брус Спрингстин и Џенифер Лопез.

 

 

 

Исто така поп суперѕвездите, вклучувајќи ги Тејлор Свифт и Мадона, се помеѓу оние кои ја поддржаа Харис.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk