12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонија(ВИДЕО) Проданоски: Симболот на Прилеп доби нов сјај – Саат кулата повторно...

(ВИДЕО) Проданоски: Симболот на Прилеп доби нов сјај – Саат кулата повторно осветлена

- Advertisement -spot_img

Прилеп – Градскиот саат, еден од најзначајните симболи на Прилеп, повторно се издига во полн сјај во центарот на градот. По неколку години, кулата е целосно осветлена, потсетувајќи ги граѓаните на вековната традиција и духот на прилепчани.

„Саат-кулата ја чуваме со гордост како дел од нашето наследство, а истовремено градиме иднина достојна за Прилеп“, изјави градоначалникот Дејан Проданоски.

Денешната Саат кула е изградена од мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата екипа на местото на старата дрвена кула уништена во пожарот во 1854 година. Кулата е со шестаголна основа, висока 38,76 метри, а со столбовите и конусот достигнува вкупно 55 метри.

Со својата архитектонска убавина, стабилност и прецизност, Саат кулата не само што го одбележува времето, туку и го отсликува гордото историско наследство на Прилеп.

Видеото може да го погледнете тука

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img