Бугарската режисерка Адела Пеева пред 20 години го снимила документарниот филм „Чија е оваа песна“, во која се занимава со феноменот на песна која секоја земја на Балканот (и малку пошироко) ја смета за своја.
Во Србија ја знаат и сакаат како песна наречена „Ruse kose curo imaš“, но бугарската режисерка ја слушнала во извесна истанбулска кафеана, додека седела на маса со Грк, Албанец и Турчин. И сите тврделе дека песната е нивна и само нивна.
Авторката тоа ја инспирирало да отпатува во сите земји и да ги праша народите што знаат за тие песни.

Во Истанбул сè укажувало на тоа дека станува збор за стара турска песна. Се зборува дека во 1940-тите и 1950-тите, кога туризмот почнал да се развива во Турција, песната со наслов „Üsküdar“ станала симбол на земјата. Турската верзија пее за извесен писар кој многу го сакале жените, а според песната снимен е и филм во 1960-тите.
Режисерката потоа се упатила на островот Лезбос во Грција. „Изгубив сто златници“ е текстот на грчката верзија, „И дознав дека ги пронашла една убава девојка“. Грците тврдат дека потекнува од нивната земја, и тоа од Милитини.
Во Албанија песната ја пронашла во речиси сосема поинаква форма – како арија која се изведувала во Националната опера во времето на Енвер Хоџа.
Босна, исто, така има своја верзија. „Pogledaj me Anadolko“ е позната низ целиот регион, а се изведува и денес.
Секако дека и Македонија има своја песна. „Ој ти Пацо Дреновчанче“, секако уште една приказна за убавината на една девојка, а музиколозите велат дека не звучи како да е од Македонија, бидејќи отстапува од ритамот на кој сме навикнати. Песната е од селото Дреновци кои се наоѓа во околината на градот Прилеп.
Во Врање дознала дека песната е за пејачка, а не за онаа за која се пее. Коштана, која на почетокот на 20-тиот век им пеела на врањанците, а подоцна Бора Станковиќ ја прославил преку своите дела.
Воислав Нановиќ во 1953 година го снимил филмот „Циганка“, по мотивите на „Коштана“ на Станковиќ, во кој се слуша песната „Ruse kose curo imaš“.
Marko Louis – RUSE KOSE [Lyric Video]
Меѓутоа, како што зборувала и самата режисерка – сите земји си имаат свои верзии, односно народите си направиле своја песна, во Србија за малку ќе дошло до инцидент, бидејќи Србите секако се затекнале навредени и започнале малку посилна расправија.
Таа на крајот своето патешествие го завршила во Бугарија. Таму оваа мелодија се изведува секоја година на планината Странџа, каде што се собираат илјадници граѓани како би им оддале почит на паднатите борци во борбата за национално ослободување.
Значи, овде песната не е за љубовта и убавината.

Врз основа на едно едноставно прашање за песна, документарецот успеал да го опише животот и односите на Балканот, каде што сè секогаш е полно со љубов и живот, додека „не пукне балонот“ и сè набрзо се претвори во војна и крв.
Песната не е ниту бугарска, ниту српска, ниту македонска, ниту албанска, ниту грчка … Оваа песна е балканска.
Boney M. – Rasputin (Sopot Festival 1979)
Многумина тврдат дека еден дел од песната „Ruse kose curo imaš“ може да се чуе и во диско хитот на германската група „Boney M“, „Rasputin“, што има смисла, со оглед на тоа што песната во насловот говори за руски мистик, а пејачот на бендот, Боби Фарел, се оженил со Македонка.