Home » [ВИДЕО] „Ова е страшно!“: Пронашла тајна соба во бањата, па непријатно се изненадила, луѓето на мрежите во неверување од видеото

[ВИДЕО] „Ова е страшно!“: Пронашла тајна соба во бањата, па непријатно се изненадила, луѓето на мрежите во неверување од видеото

by Lina Muslija

Агентката за недвижности, Лорен Рокел од Мичиген, на „ТikTok“ објавила видео на кое се гледа како пронашла тајна просторија во еден од домовите изградени во 70-тите години, а сега се на продажба.

 

Тајната просторија е скриена зад ормарот во тоалетот, а Лорен ја отворила вратата како би им покажала на следбениците како изгледа скриената просторија во куќата. Сепак, еден детал предизвикал морници.

Имено, агентката претпоставувала дека тајната соба се користи за оставање работи, но дури кога го видела прозорецот свртен кон тушот и кадата, сфатила дека можеби станува збор за нешто позлобно.

 

„Ова е пред ерата на скриените камери“

„Погледнете колку е ова морничаво. Што вие мислите?“, ги запрашала таа следбениците на видеото кое е прегледано повеќе од 835.000 пати.

„Прво си помислив: ’Колку кул‘, a потоа: ’О, нè, ’Нема шанси да се туширам овде, постојано би мислела дека некој ме гледа‘ и „Ова е пред ерата на скриените камери“, биле само дел од коментарите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More