На Џеси Џ. ѝ е дијагностициран рак на дојка во рана фаза и наскоро ќе биде оперирана.
Британската пејачка Џеси Џ. (37) и се обратила на публиката на „Capitals Summertime Ball“ на стадионот Вембли, каде за време на настапот открила дека се повлекува од сцената за да се посвети на борбата против ракот на дојка.
„Знаете, отсекогаш сум била отворена книга“, рекла таа од сцената, борејќи се со солзите.
„Ова е мојот последен настап пред да одам да го победам ракот на дојка. Затоа денешниот настап ми е особено важен“.
На настанот пред 80.000 луѓе, Џеси ја изразила својата благодарност за животот што го има, за нејзината публика, за нејзината кариера, за нејзиниот син и за нејзиниот партнер.
„Имам толку многу причини да живеам. Сè уште сакам да правам толку многу“, додала таа. Таа ја извла песната „Living My Best Life“, која ја опишала како свој личен саундтрак, шегувајќи се дека можеби требало да се вика „Living My Breast Life“.
Дијагностициран и е рак на дојка во рана фаза
Пејачката, позната по хитови како Price Tag, открила преку Инстаграм претходно овој месец дека ѝ е дијагностициран рак на дојка во рана фаза и дека наскоро ќе се подложи на операција.
„Ракот е ужасен во која било форма, но јас се држам до зборот ‘ран’“, рекла Џеси во тоа време.
Џеси признала дека се двоумела јавно да ја сподели својата дијагноза, но на крајот одлучила да биде искрена поради личната катарза, но и поддршката што ја добила од другите.
„Знам колку ми помогна кога ги споделив моите приказни претходно и како другите реагираа со љубов, поддршка и свои искуства“.
На крајот од настапот, таа рекла:
„Ајде да внесеме малку добра енергија овде затоа што знам дека не сум единствената што се справува со нешто големо во моментов“.
Фото: Принтскрин/Instagram