Големото дерби во Северен Лондон секогаш носи многу емоции на фудбалскиот терен, па во такви ситуации има и провокации кои станаа составен дел од пресметките меѓу Тотенхем и Арсенал.
„Топчиите“ вчера се намачија на гостувањето кај лутиот градски ривал и успеаја да победат со голот на Габриел, но од сцената при дадениот гол, медиумите сега издвојуваат и едно видео кое доаѓа од трибината.
Битките за Северен Лондон носат дополнител жар и страст кај самите фудбалери, па и овојпат не беа избегнати кошкањата и провокациите меѓу актерите на теренот.
Бен Вајт како десен бек на Арсенал имаше жестоки битки со Мадисон од редовите на Тотенхем, а по постигнатиот гол на Габриел, решил да слави во лице на фудбалерот на Тотенхем.
Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а десниот бек уште повеќе стана омилен меѓу навивачите на клубот од „Емирејтс“.