Home » [ВИДЕО] Новата песна на Мајли Сајрус може да го надмине неверојатниот успех на хитот „Flowers“

[ВИДЕО] Новата песна на Мајли Сајрус може да го надмине неверојатниот успех на хитот „Flowers“

by Lina Muslija

Мајли Сајрус претстави нова песна и спот во соработка со Фарел Вилијамс наречен „Doctor (Work It Out)“, а по објавата сите предвидуваат успехот на новата песна може да го надмине и хитот „Flowers“.

Откако неодамна ѝ беше доделена првата Греми за нејзиниот хит „Flowers“, кој се најде на врвот на топ листите, Мајли Сајрус ја претстави песната што всушност е напишана во 2012 година.

Зборувајќи за „Apple Music 1“, Мајли и Фарел открија зошто толку долго чекале да ја објават.

„Само знаевме дека е рано. Знаевме дека сме на пат кон нешто што е добро за нас… но чувствувавме дека можеби околината не е подготвена за тоа“, рече Вилијамс за одлуката да чека повеќе од една деценија за објавување финалната верзија на песната.

Песната „Doctor“ првпат беше најавена на ревијата за машка облека на Луј Витон есен-зима 2024 година, иако обожавателите за првпат ја слушнаа оригиналната верзија на песната кога протече во 2017 година.

„Ние само веруваме во времето и дека сè се случува кога треба да се случи… едноставно се чинеше толку случајно, и имаше толку многу усогласувања и толку многу моменти што ми дадоа до знаење дека сега е совршено време. Понекогаш работите од нашето минато имаат повеќе смисла во нашата сегашност, отколку што имале тогаш“, објасни Мајли.

Во видеото ја гледаме Сајрус во светкав мини фустан како танцува како Венздеј Адамс, а нејзината коса е во преден план. Пејачката рече дека придружното музичко видео е „она што на оваа песна отсекогаш и требаше“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More