Home » [ВИДЕО] Нов тизер: Први детали за “Volkswagen” кој пристигнува во Европа

[ВИДЕО] Нов тизер: Први детали за “Volkswagen” кој пристигнува во Европа

by Lina Muslija

Volkswagen го објави првиот тизер за моделот “Tayron”, кој ќе дебитира на 10. октомври и ќе се продава на европскиот пазар.

Моделот, познат во САД како новиот “Tiguan”, треба да биде чекор понапред од неговите претходници, велат од “VW”.

Ќе има поголеми димензии од сегашниот европски “Tiguan”, но сепак ќе биде нешто помал од “Touareg”, па ќе биде позициониран помеѓу овие два модели.

 

Краткиот тизер објавен од “VW” покажува само графика со “LED” задни светла и осветлено лого на “VW”, но можеме да заклучиме дека ќе го следи дизајнот што го има “Tayron L” во Кина (долг 4.684 mm).

Овој источен брат на новиот “Tayron” има неколку традиционални мотори, но поверојатно е дека европската варијанта на автомобилот ќе има електрифициран погон.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk