Home » ВИДЕО | Невиден скандал: Позната стилистка насилно исфрлена од полицијата за време на Мет гала

ВИДЕО | Невиден скандал: Позната стилистка насилно исфрлена од полицијата за време на Мет гала

by Lina Muslija

Традиционалната Мет гала 2025, која се одржа на 5 мај во Метрополитен музејот во Њујорк, собра многу познати личности од светската сцена, а покрај величествените и специфични комбинации, внимание привлече и скандалот што се случи на влезот пред самиот почеток на најважната модна вечер, пренесува „Пејџ сикс“.

Во центарот на скандалот беше познатата стилистка Џесика Пастер, која беше задолжена за изгледот на Сајмон Бајлс, Квинте Бренсон и Миранда Кер, која се судри со полицијата пред влезот на хотелот „Карлајл“. Имено, полицијата не ја пуштила внатре, иако Пастер престојувала таму. На видеото кое стана вирално може да се забележи како таа била насилно исфрлена, а се пожали и дека за време на инцидентот била повредена.

– Престојував во овој хотел – рекла стилистката облечена во тренерка додека се обидувала да влезе во лобито на хотелот.

Откако не успеала, се обидела да влезе низ другата врата, а потоа полицијата ја фатила и ја одвлњкла од местото на настанот. На оваа ситуација реагирала вработената во хотелот, која повторно ја однела до главниот влез, што алудира на фактот дека Пастер била гостинка во хотелот.

Фото: Anna Webber / Getty images / Profimedia

Набргу потоа, стилистката се вратила и на полицаецот кој ја влечел му кажала дека е многу лута и рекла дека ќе ја тужи њујоршката полиција.

– Само сакам да кажам дека престојував во хотелот и се грижев за мојата работа, имав картичка како гостин во хотелот, а тие ме малтретираа. Ги слушав што ми кажуваа, ми рекоа да влезам низ помошната врата. Кога го направив тоа, ми рекоа да се вратам во лобито и одеднаш ме нападнаа, ме малтретираа – рекла таа и додала дека ја повредиле за време на нападот.

– Многу ме боли, имам среќа што полицаецот не ми ја скрши раката – истакнала таа.

По овој повод, се огласи и њујоршката полиција.

– Вчера попладне, жена се обиде да влезе во главниот влез на хотелот „Карлајл“ кога била запрена и спречена да влезе од хотелското обезбедување. Таа се обидела да влезе во хотелот по вторпат откако ѝ бил одбиен влез кога полицајците интервенирале и го спречиле тој обид. Ѝ било кажано дека мора да помине низ влезот за услуги и да ги земе потребните документи. Оваа жена била придружувана од полицијата до влезот за услуги, каде што потоа повторно била придружувана од хотелското обезбедување до главниот влез и ѝ било дозволено да влезе – се наведува во соопштението.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk