Home » (Видео) „Не е роден како чудовиште, тие го направија“ – Политичарите во страв и тие биле дел од журките на Пи Диди

(Видео) „Не е роден како чудовиште, тие го направија“ – Политичарите во страв и тие биле дел од журките на Пи Диди

by Lina Muslija

Поранешниот телохранител на раперот Шон Диди Комбс, Џин Дил, откри дека ѕвездата чувала видеа од политичари кои присуствувале на неговите озлогласени забави и дека неговото апсење е поврзано со наводен корупциски скандал што ја зафатил њујоршката политика, пишува Дејли мејл.

Џин Дил, кој го штитеше Диди во 1990-тите, рече дека обвинението на раперот може да разоткрие високи функционери и познати личности во Њујорк.

-Ова е поголемо од Диди – рекол телохранителот за ѕвездата која според обвинителите дрогирала жени и ги терала на маратонски сексуални настапи со машки проститутки.
Поранешниот телохранител, исто така, тврдеше дека самиот Диди бил жртва на други моќни луѓе од музичката индустрија и дека за неговите наводни злосторства се виновни оние кои „го обучувале и го научиле на музичкиот бизнис“.

-Паф не е роден како чудовиште, тој беше претворен во чудовиште. Го направија чудовиште поради тоа што му се случи и работите што требаше да ги направи. Да бидам искрен, тој им го направи на другите луѓе тоа што му беше направено, тоа е научено однесување, рече Дил.

-Тие се дрогираа многу и тепаа жени во таа луда фаза, правеа работи што ќе го натераа да помисли дека може да се извлече со истите работи со кои се извлекуваа тогаш. Нема да кажам наводно затоа што лично го видов – додаде тој.
Дил, исто така, рече дека апсењето на раперот е карма за многу работи што тој ги направил, вклучувајќи го и обвинението што доведе до смрт на раперот Биги Смолс.

-Неговата карма мораше да го стигне. Тој е сам виновен. Знаеше дека греши и знаеше дека научил нешто што не е во ред, знаел дека ако нешто не е во ред треба да побара помош, но тој пат не го избрал – заклучил Дил, пишува Јутарњи.хр.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk