Home » [ВИДЕО] „Навалица“ за тенџериња и тави: Купувачите во редици чекале и по четири часа

[ВИДЕО] „Навалица“ за тенџериња и тави: Купувачите во редици чекале и по четири часа

by Lina Muslija

Полицијата во Хемпшир била принудена да интервенира откако стотина луѓе ненајавено формирале редица за купување на кујнски прибор од француски бренд, а некои од купувачите во редицата стоеле и по четири часа, додека нивните автомобили создавале метеж на улицата.

Во индустриската населба Андовер во Хемпшир, Англија се создаде километарска редица поради распродажбата на кујнскиот прибор на францускиот бренд „Le Creuseta“, поради што полицијата била принудена да интервенира.

 

 

Кујнскиот прибор „Le Creuset“ познат е по високите цени, па така не зачудува фактот што стотина луѓе побрзале да купат некои од производите на овој бренд кои биле намалени и до 50 отсто.

Купувачите од Лондон в зори пристигнале пред магацинот на компанијата за да бидат први во редицата за купување, и покрај тоа што продажбата почнувала во 8 до 9 часот.

 

Поради популарноста на оваа распродажба полицијата била принудена да интервенира, односно поради автомобилите на клиентите кои создавале метеж на улицата. На првиот ден од распродажбата, паркингот веќе беше полн еден час по отворањето, а стотици луѓе мораа да ги паркираат возилата покрај патот.

 

„Почнавме да добиваме известувања за метеж во 9:45, така што бевме принудени да се упатиме кон магацинот за да помогнеме со контролата на сообраќајот“, изјави портпаролот на полицијата во Хемпшир, а по час и половина сообраќајот се нормализирал.

Распродажбата се смета за еден од најголемите настани во компанијата

Компанијата ја прогласи распродажбата за „најголем настан во живо досега“. Ова беше втора распродажба на садовите за готвење „Le Creuset“ во Андовер оваа година, а претходната беше одржана во март.

 

 

 

Компанијата следната година ќе ја прослави својата 100-годишнина, а нејзините кујнски производи се првенствено познати по нивната издржливост, квалитетот, доживотната гаранција и препознатливата палета на бои, а една од нивните најпопуларни бои е вулканско портокаловата.

 

 

 

Компанијата „Le Creuset“ е позната и по високите цени на нивните производи, а за повеќето садови купувачите треба да издвојат од 200 до 600 британски фунти (од 241 до 724 евра). Доколку пак некој купувач би сакал да ја опреми целата своја кујна само со садови за готвење „Le Creuset“, би требал да издвои околу 4.239 евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk