Home » [ВИДЕО] На сестра му од Англија ѝ дал да проба бурек за првпат, нејзината реакција била низок удар: „Уф, луѓето ќе бидат лути“

[ВИДЕО] На сестра му од Англија ѝ дал да проба бурек за првпат, нејзината реакција била низок удар: „Уф, луѓето ќе бидат лути“

by Lina Muslija

Англискиот инфлуенсер и фотограф, Тугс Вард, кој веќе неколку години живее во Сплит, на „TikTok“ објавил видео од својата сестра, на која ѝ купил бурек за време на нејзината посета на Хрватска.

 

„Мојата сестра од Англија денес за првпат проба бурек“, напишал тој во описот на видеото.

Девојката го отворила бурекот со сирење, загризала голем залак. „Фино е“, била нејзината реакција.

Не делувала особено импресионирана, па Тугс ја прашал како го оценила бурекот од 1 до 10.

 

„6? Ах, луѓето ќе се налутат“, заклучила инфлуенсерката, а сестрата ја претставил како „тешка да се задоволи“.

Видеото, се разбира, набрзо собрало многу коментари од луѓето на Балканот. Меѓутоа, не толку лути, но со предлози како да се подобри оваа скромна оценка.

„Ова се вика баничка со сирење и секогаш треба да ја купувате во мали пекарници, а не во продавници. И пијте јогурт со овој оброк“, „Ова е баничка, бурекот е со месо“, „Вие од Босна, напуштете ги коментарите. Овој бурек е купен на хрватска територија. Кај вас нема бурек со сирење, но кај нас има“ „Сигурно е уморна од патувањето, утре повторно нека проба“, „6? Ок, тогаш нека проба ќебапи. Доколку им даде оценка помала од 9, подобро да се откажете“, напишале тие.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More