Home » [ВИДЕО] Најпознатата српска докторка за коса открива како правилно да се мие косата

[ВИДЕО] Најпознатата српска докторка за коса открива како правилно да се мие косата

by Lina Muslija

Докторката Горана Кука Епстеин, сподели три работи коишто никогаш не смеете да ги правите кога ја миете косата, како и три работи коишто таа задолжително ги практикува.

Докторката Епстеин, трихолог и специјалистка за пластична и естетска хирургија, на својот инстаграм профил зборуваше за чекорите коишто треба да се следат при миење на косата, како и за навиките коишто треба да се одбегнуваат доколку сакате да имате густа и бујна коса.

 

 

Трите работи коишто Епстеин ги забранува и вели: „Никогаш не ја чешлам косата додека е влажна“. „Никогаш не ја тријам косата со пешкир, косата ја завиткувам во пешкир и ја оставам така малку да се исуши“. Последната работа којашто не смее да се прави според Епстеин, е спиењето со влажна коса.

Од друга страна докторката зборуваше и за трите работи коишто треба да се прават, и коишто таа ги практикува при секое миење на косата.

 

 

„Вашата коса е најслаба кога е влажна, особено откако е испрана со топла вода. Миењето на косата со ладна вода ја прави помалку подложна на оштетувања и помага косата подолго да остане чиста, како и да се намали производството на себум“, вели докторката. Таа исто така препорачува косата на крајот да ја сушите и со ладен воздух за структурата на косата да се одржи недопрена.

„Не менувајте ги шампоните премногу често, употребувајте само еден, по можност нетоксичен, за вашата коса да не треба премногу често да се приспособува на нови состојки“, додава докторката.

„Еден ист шампон треба да се користи две до три години континуирано. Причината за тоа е што на кожата на главата ѝ е потребно време за да се навикне на состојките од шампонот. Луѓето честопати ги менуваат шампоните велејќи – не ми одговара овој, не ми одговара оној, а на косата и е потребно време да се навикне дури и на позитивните ефекти од шампонот“, објасни Епстеин.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk