“MrBeast” е меѓу Јутјуберите кои тестираат нов производ со вештачка интелигенција, кој помага да се генерираат видео идеи со “прочешлување” низ нивните канали.
“Spotter”, компанијата која потроши милиони купувајќи стари видеа на “YouTube”, сега им нуди на креаторите алатка за создавање нова содржина.
Најавена на 3 септември, новата технологија за вештачка интелигенција на “Spotter” се тренира за постоечките содржини на креаторите за да произведе идеи што одговараат на нивниот стил, тон и други мотиви.
Алатката поминува низ аудиото на секое видео и го транскрибира, така што не зема предвид никакви визуелни ефекти на екранот. Сепак, по прегледувањето на транскрипцијата, програмата генерира нови идеи кои се вклопуваат во темата на креаторот.
Од “Spotter” велат дека имаат „длабоки односи“ со врвни креатори како што се “MrBeast”, “Dude Perfect” и други.
„Од нив научивме како да ги градиме и дотеруваме нашите производи за да ги задоволат специфичните потреби на Јутјуберите и ги дизајниравме нашите производи да бидат забавни за користење и персонализирани за вашиот канал“, тврди “Spotter” на својата веб-страница.
Пол Бакаус од оваа компанија вели дека програмата е дизајнирана да им помогне на Јутјуберите да се натпреваруваат со порастот на содржината со вештачка интелигенција.
„Тоа е за помагање на креаторите да излезат на врвот во бранот бесконечна содржина со вештачка интелигенција што доаѓа“, истакна тој.