Home » ВИДЕО: Миловановиќ даде „златен“ гол, важна победа на Тиквеш против Беса

ВИДЕО: Миловановиќ даде „златен“ гол, важна победа на Тиквеш против Беса

by Lina Muslija

Фудбалерите на Тиквеш забележаа победа над Беса 1976 (1-0) во рамките на 31. коло на Првата македонска фудбалска лига. Со овој триумф кавадарчани се близу до опстанок во елитата, меѓутоа ќе имаат тешка задача во завршните две рунди на мак-фудбалот.

Кавадарчани имаа иницијативата на стартот од средбата, но противникот беше одлично организиран во дефанзивата и навремено ги спречуваше налетите на домаќинот. Беса, пак, својата шанса ја чекаше преку контра напади, а токму тоа се случи во 15. минута кога Велија побегна по десна страна и се реши да бие од далечина. Ударот не беше толку силен, но Димовски не беше најсигурен во интервенцијата и малку фалеше резултатот да биде отворен.

На спротивната страна првата закана ја испрати Јонус, кој во 23. минута со лева испрати „бомба“ кон гостинскиот гол, но искусниот Захов беше на висина на задачата и исфрли во корнер. Доминацијата на кавадарчани конечно вроди со плод во 40. минута, кога Миловановиќ одлично ја следеше акцијата по десната страна и со прецизен удар со глава го совлада Захов за водство на Тиквеш од 1-0, резултат со кој се замина на одмор.

Стартот на вториот дел мина во знакот на гостинките фудбалери. Тиквеш реши да игра попретпазливо и Беса ја имаше топката во своите нозе, но не успеа да ја пробие домашната одбрана и не создаде ниту една посериозна шанса за израмнување. Домаќинот, пак, можеше да слави поубедлива победа, нo најдобриот фудбалер сезонава, Садик, не реализираше од чиста позиција и така пропадна најголемата шанса за кавадарчани во вториот дел.

Во следното коло Тиквеш гостува кај Шкупи, додека Беса ќе впише службена победа против Воска Спорт.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk