Лука Дончиќ во свој стил ја започна новата сезона во НБА лигата. Далас Маверикс со 109-120 славеше против Сан Антонио Спарс, а словенечкиот ас одново беше во фокусот на кошаркарската јавност.
Прво заради една комична ситуација, кога предвреме почна да слави поени на Томпсон, а потоа и поради една луда асистенција без гледање и преку Вембањама.
- Асистенцијата на Дончиќ која ја одбележи вечерта во НБА:
Словенечкиот плејмејкер беше на чекор на „трипл-дабл“, уфрли 28 поени, фати десет скока и подели осум асистенции. Од друга страна Томпсон реализира 22 поени, погодувајќи шест тројки.