Eкипата на Брентфорд во првиот натпревар до 26. коло во Премиер лигата славеше победа над Лестер со убедливи 0:4.
Натпреварот започна со по неколку шанси и на двете страни, а резултатот го отвори Виса со голот во 17. минута. Десет минути подоцна Мбуемо зголеми на 2:0 за само пет минути подоцна по едно нафрлување од прекин Норгард да стрела за 0:3.
GOAL | Leicester 0-3 Brentford | Norgaard
NORGAARD MAKES IT THREE FOR BRENTFORD!pic.twitter.com/wzz7SvuCLN
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) February 21, 2025
Можеше Брентфорд да постигне и уште некој гол до крајот на средбата, меѓутоа резултатот не се промени.
Во вториот дел видовме уште еден погодок кој беше дело на Карваљо во 89. минута.
GOAL | Leicester 0-4 Brentford | Fabio Carvalho
FABIO CARVALHO MAKES IT FOUR!pic.twitter.com/acJyqEN2Q0
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) February 21, 2025
За Лестер кој е претпоследен на табелата ова беше трет пораз во низа, додека Брентфорд ја запиша втората победа по триумфот против Вест Хем во минатото коло и сега е на 10-тото место на табелат. „Лисиците“ се претпоследни со 17 бода, колку што има и Ипсвич на 18-тата, а последен со 9 е веќе отишаниот Саутемптон.