Home » ВИДЕО: Лајпциг го промовираше македонскиот фудбалски „дијамант“ Елиф Елмас

ВИДЕО: Лајпциг го промовираше македонскиот фудбалски „дијамант“ Елиф Елмас

by Журнал

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е на зимски подготовки во Ла Манга, Шпанија, со својот нов клуб Лајпциг.

Потсетување дека нашиот играч потпиша договор со германската екипа до 2028 година.

Елмас веќе тренира со своите нови тимски колеги, во Шпанија тимот ќе има контролен меч пред продолжението на сезоната во Бундес лигата.

„Црвените бикови“ го објавија првото видео за Елмас во кое зборуваше на германски јазик, а се очекува во следните месеци сигурно ќе има за задача да го учи што повеќе за да комуницира уште подобро со другите фудбалери и тренерот Марко Розе.

Македонскиот 24-годишен фудбалер кој може да игра на која било позиција во средниот ред, разновиден играч, за клускиот сајт зборуваше за неговиот трансфер во Лајпциг, за амбициите.

– Секако, сè е многу ново, но беше убаво да се излезе на теренот со момците и стручниот штаб. Марко Розе е многу јасен за она што сака да го види и знае како да се справи и да ги подобри младите играчи. Сега, сè е да апсорбирам сè што можам и подобро да ги сфатам основите на теренот. Како да играм како „десетка“, но можам каде било во средниот ред. Ќе се преселам во Лајпциг со моето семејство. Моите родители и браќата и сестрите ќе дојдат со мене. Мојот соиграч во Наполи, Диего Деме, долго време играше за Лајпциг и добро го познава градот. Ми даде неколку совети. Сакам да научам германски што е можно побрзо. Мислам дека е навистина важно да можам да го зборувам јазикот, бидејќи ќе можам поефективно да комуницирам со моите соиграчи. Дајте ми четири или пет месеци за да се снајдам – вели Елмас.

 

 

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More