Песната „Внимавај со кого спиеш“ доби нов изглед, а видеото од овој необичен настап ги запали социјалните мрежи. Светлана Цеца Ражнатовиќ е омилена во Словенија, каде што е создадено видеото кое предизвика вжештување на социјалните мрежи.
Еден од нејзините најголеми хитови во кариерата, песната „Пази с киме спаваш“ доби нов изглед. Песната беше изведена во опера, која воодушеви многумина, благодарејќи на тоа што го направи словенечкиот младински оркестар за класична музика.
– Словенечкиот младински оркестар за класична музика е на голема турнеја, која се одржува во култни сали низ земјава, а на својот репертоар го вклучи хитот на Цеца од 2004 година „Внимавај со кого спиеш“! – пишува во описот на објавата на мрежата „Х“.