Home » [ВИДЕО] „Изгледа како едвај да се движи“: Фановите загрижени за Мараја Кери по настапот

[ВИДЕО] „Изгледа како едвај да се движи“: Фановите загрижени за Мараја Кери по настапот

by Lina Muslija

Пејачката Мараја Кери (55) неодамна настапи во Лас Вегас. Снимките од концертот кои се проширија на социјалните мрежи предизвикаа загриженост кај фановите.

Еден од нејзините обожаватели сподели неколку видеа, од кои на едното се гледа како Кери пее со видлив недостаток на енергија.

За време на настапот таа полека се движеше низ сцената додека покрај неа танцуваше танчер, што предизвика лавина од коментари. Многумина се прашуваа дали се чувствува добро: „Боже добро ли е?“, „Дали нешто ја боли? Што се случува?“, „Малку сум загрижена за Марија“, напишале корисниците на социјалните мрежи кои забележале дека пејачката едвај се движи и делува вкочането.

Некои коментатори го споредија нејзиниот настап со постари пејачи од неа кои се уште настапуваат со повеќе енергија. „Шер се уште може да се движи на нејзина возраст, а Мараја изгледа како да не може“, напиша еден корисник, додека друг истакна дека „Мадона, која има 66 години, сè уште танцува како луда“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk