Home » ВИДЕО | Историска мисија: Екипажот на „Спејс Икс“ се врати на Земјата по првата приватна вселенска прошетка

ВИДЕО | Историска мисија: Екипажот на „Спејс Икс“ се врати на Земјата по првата приватна вселенска прошетка

by Lina Muslija

Екипажот на „Спејс Икс“ (Space X) се врати на Земјата по пет дена во орбитата, по историската мисија која ја вклучи првата приватна вселенска прошетка на милијардерот Џаред Ајсекеман и инженерката Сара Гилис.

Тие ја изведоа својата прва вселенска прошетка на надморска височина од 740 километри, со цел да тестираат нова линија на вселенски одела.

 

 

Рано утринава капсулата „Драгон“ слета во Мексиканскиот залив, достигнувајќи максимална височина од 1.408 километри по полетувањето во вторникот, што е повисоко од Меѓународната вселенска станица (ИСС) и вселенскиот телескоп Хабл.

Прошетката траеше два часа, значително помалку од оние што ги изведуваат астронаутите што се наоѓаат на ИСС.

Во мисијата се наоѓаа и пилотот Скот Потита и инеженерката Ана Менон, а Ајсекман и Гилис станаа 264. и 265-тата личност што извеле вселенски прошетки.

 

Како што наведува АП, ова е прва приватно финансирана мисија во вселената, а досега прошетките ги изведуваа исклучиво професионални астронаути.

Од „Спејс Икс“ велат дека оваа кратка вежба е почетна точка за тестирање на технологијата на вселенски одела за идни, подолги мисии на Марс.

Џаред Ајсекман, пилотот и милијардер, основач на компанијата за електронско плаќање „Шифт4“ (Shift4), ја финансираше мисијата „Поларис“, како и својот лет Инспирејшн4 со „Спејс Икс“ во 2021 година.

Тој одби да каже колку ги плаќа мисиите, но се претпоставува дека тие чинат стотици милиони долари.

Вселенското летало „Драгон“ ја обиколи Земјата најмалку шест пати во средата во орбитата со овален облик, која се протега на 1.400 километри, што е најоддалеченото патување на луѓето во вселената од последната американска мисија „Аполо“ во 1972 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk