Во вчерашниот натпревар од Третата фудбалска лига помеѓу Речица и Доброште благодарение на судијата Дарко Радески била избегната трагедија.
Имено, на стартот од второто полувреме еден од фудбалерите на домаќините незгодно паднал по обид да ја исфрли топката со глава, а Радески забележал дека станува збор за опасна ситуација.
Веднаш дотрчал до фудбалерот и со вртење на едната страна му го извадил јазикот, со што спречил гушење.
„Фала му на Господ што навремено забележав дека фудбалерот ја игуби свеста и што бев во негова близина за да му помогнам“, изјави Радески за „Мнет Телевизија“ која објави и видео од тој момент.