Home » [ВИДЕО/ФОТО] Никогаш поемотивно збогување со репрезентација, Ди Марија со солзи во очите гледаше специјално видео

[ВИДЕО/ФОТО] Никогаш поемотивно збогување со репрезентација, Ди Марија со солзи во очите гледаше специјално видео

by Lina Muslija

Фудбалската репрезентација на Аргентина ја совлада репрезентацијата на Чиле со резултат 3:0, во натпреварот од седмото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Сепак, резултатот беше во втор план откако легендарниот Анхел ди Марија се прости од селекцијата.

Натпреварот на „Монументал“ имаше емотивен вовед каде пред неговиот почеток преку видеобим беше емитуван клип со најдобрите моменти од кариерата на Анхел.

Цел стадион ги слушна зборовите на неговата најстара ќерка која за оваа прилика му напиша писмо.

Светските шампиони поведоа во 48. минута со голот на Алекс Мекалистер, предноста ја удвои Џулијан Алварез во 84. минута.

 

 

Конечниот резултат на натпреварот го постави Пауло Дибала во 91. минута.

Аргентина е прва на табелата во јужноамериканската квалификациска група, со 18 бодови, Чиле е деветти со пет бодови.

Фудбалерите на Боливија ја победија Венецуела со резултат 4:0, во натпреварот од седмото коло од квалификациите за Светското првенство.

Венецуела е четврта на табелата со девет бодови, Боливија е седма со шест.

Пласман на СП ќе обезбедат шесте првопласирани репрезентации од јужноамериканските квалификации, додека седмата селекција ќе игра во баражот.

СП 2026 ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk