Home » [ВИДЕО/ФОТО] Бети од „Идол“ со нова песна после повеќе од една деценија – слушнете ја „Сама“

[ВИДЕО/ФОТО] Бети од „Идол“ со нова песна после повеќе од една деценија – слушнете ја „Сама“

by Lina Muslija

Пејачката Елизабета Јовановска, која на јавноста ѝ е попозната под уметничкото име Betty Lynn, вчеравечер ја промовираше својата најнова песна „САМА“.

Оваа песна испраќа силна порака на моќен и искусен вокал, кој ненаметливо се пробива на музичката сцена.

 

За текстот, музиката, па дури и спотот заслужен е пејачот Виктор Апостоловски, долгогодишен пријател и колега на Бети. На прашањето што ја инспирирало за ваков текст, вели:

„Инспирација беше моменталната состојба во која што се наоѓав тој период. Буквално бев заглавена во еден токсичен круг, во кој немаше промени. Песната е всушност едно ослободување за мене, а верувам и за сите оние оние што одлучиле да продолжат сами – не затоа што не можеле да бидат со некого, туку затоа што го одбрале сопствениот мир и напредок, наместо да следат туѓи патеки по цена на сопствена жртва“.

 

 

 

Спотот е снимен на локации во прекрасното Маврово, место каде Бети го поминала своето детство.

Инаку, пошироката јавност ја памети Бети од времето кога се појави на музичкото шоу Македонски Идол, а „Сама“ ѝ е четврта песна досега. Признава дека за следните музички остварувања нема да чека да помине уште една деценија.

Слушнете парче од нејзината душа и споделете доколку ви се допаѓа. Да слушаме македонска музика и да поддржуваме македонски артисти.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk