Home » [ВИДЕО] Филм кој никој не го очекува со нетрпение: Објавениот трејлер на Јутјуб доби милион дислајкови

[ВИДЕО] Филм кој никој не го очекува со нетрпение: Објавениот трејлер на Јутјуб доби милион дислајкови

by Lina Muslija

Драмата околу новиот филм за Снежана не престанува. Следната година излегува римејкот на анимираниот филм на Дизни, „Snow White and the Seven Dwarfs“, кој исто така е делумно заснован на бајката за Снежана и седумте џуџиња од браќата Грим од 1812 година.

Сепак, се чини дека никој не е воодушевен од ова остварување.

Трејлерот за новиот филм беше објавен пред три недели, а за тоа време доби повеќе од 9 милиони прегледи, но и неверојатни милион дислајкови наспроти само 80-тина илјади лајкови.

 

 

 

Луѓето во коментари јасно дале до знаење што мислат за овој римејк.

„Го гледав трејлерот само затоа што видов дека има милион дислајкови и сакам да бидам дел од таа заедница“, „Единствената добра работа што Дизни ја направи со овој трејлер е што ја остави опцијата за коментирање“, „Конечно успеаја. Направија филм кој никој нема да сака илегално да го гледа на интернет“, „Коментарите се позабавни од трејлерот“, „Го уништувате детството“, се некои од коментарите.

 

Во римејкот глумат Рејчел Зеглер како Снежана и Гал Гадот како Злобната кралица. Режисер е Марк Веб, а сценариото го напишаа Грета Гервиг и Ерин Кресида Вилсон. Иако станува збор за адаптација, филмот ќе има малку поинаква приказна. Според „Variety“, ѕвездите од филмот, Рејчел и Гал, потврдиле дека Снежана овој пат нема да ја спаси принцот.

Филмот беше предмет на контроверзии како што е изборот на Рејчел Зеглер како Снежана, а таа одговори на критиките велејќи дека „веќе не е 1937 година“. „Снежана нема да биде спасена од принц. Таа нема да сонува за вистинска љубов. Таа сонува да стане лидер“, изјави актерката во една прилика.

Главните актерки во конфликт?

Гадот и Зеглер се чини дека не се во добри односи. Гал Гадот, која ја игра Злобната кралица, е родум од Израел и јавно ја поддржува својата земја. Веднаш по објавувањето на тизерот, Рејчел го сподели на социјалните мрежи и се надоврза на објавата пишувајќи: „И секогаш запомнете, ослободете ја Палестина“.

 

Многумина веруваат дека Зеглер со тоа целела на изјавите на колешката Гадот, а ваквиот коментар предизвика бес и меѓу оние кои го поддржуваат Израел.

Премиерата на новиот филм е закажана за март следната година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk