Home » [ВИДЕО] „Доколку го забележите ова на лубеницата, веднаш фрлете ја! Може да биде опасно“: Вирално видео кое го погледнале повеќе од 500.00 луѓе

[ВИДЕО] „Доколку го забележите ова на лубеницата, веднаш фрлете ја! Може да биде опасно“: Вирално видео кое го погледнале повеќе од 500.00 луѓе

by Lina Muslija

Инфлуенсер на „ТикТок“ споделил видео од лубеница која пени, а луѓето биле шокирани откако им било кажано да ја фрлат доколку наидат на таква.

Лубеницата во текот на летото на многумина им е омилено овошје бидејќи е совршено освежувачка. Но, ако некогаш сте ја пресекле и сте забележале пена на неа, корисник на „Tik Tok“ предупредува дека тоа може да биде опасно.

„Ако вашата лубеница почне да се пени, веднаш фрлете ја“, напишал тој видеото кое е прегледано повеќе од 500.000 пати.

Овој популарен тиктокер, кој има дури 6,3 милиони следбеници, објаснил: „Многумина се збунети што e она што ја предизвикува оваа состојба на лубеницата“.

 

Тој открил дека неговите следбеници го означиле во видеото со лубеница која пени, барајќи негово мислење за необичната појава.

Зошто е време да се фрли лубеницата која пени?

Тој објаснил дека иако можеби е прв пат да се соочите со ова, тоа не е толку невообичаено. Потоа додал дека пената може да изгледа „многу поизразено“, попримајќи бел и „попенлив“ изглед.

„Ова се случува кога лубеницата е оставена на премногу топло место, кое не е идеално за нејзино чување. Овој феномен е резултат на акумулација на гасови и притисок во внатрешноста на лубеницата, што на крајот доведува до формирање на пена“, одговорил тој.

 

 

 

Според она што го видел, вели, доколку се пресече ваква лубеница, внатрешноста не би била привлечна.

Конечно, ги предупредил луѓето дека не е „најдобра идеја“ да се јаде лубеница која ги покажува овие знаци бидејќи плодот почнува да скапува и може да стане идеално место за размножување на одредени видови бактерии.

„Тие бактерии може да доведат до труење со храна“, предупредил тој и советувал лубеницата веднаш да се фрли.

Некои коментатори истакнале дека ваквата лубеница веројатно би имала непријатен мирис, што е дополнителна причина да се фрли.

 

 

 

„Се затрув затоа што изедов лоша лубеница која мајка ми ја исекла“, напишала една жена за своето лошо искуство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk