Навивач на Барселона реши да дојде со обележјата на шпанскиот клуб да го гледа натпреварот со Црвена Звезда на „Рајко Митиќ“ во Лигата на шампионите.
Тој беше со девојка и носеше шал во боите на Барса, како и тренерка со клупското лого на градите. Тоа не им се допадна на двајца навивачи од „Делии“, дојдоа до него и го натераа да се соблече. Откако ја соблече тренерката и ги тргна обележјата, навивачите на српскиот тим насилно му ги одземаа и имаше мало туркање.
@ayi4658Barca Fan surrounded by 60k Serbians#barcelona#redstar#belgrade#delije#ultras#fyp#lamineyamal#championsleague#footballtiktok#brawl♬ original sound – Ultras World
Што се однесува до самиот натпревар Барселона убедливо и рутински се радуваше со 2-5 во Белград.